Две сестри и брат родени во Ливерпул се сретнале по 70 години благодарение на ДНК тест

– Две сестри и брат родени во Ливерпул, Велика Британија, се сретнале по речиси 70 години благодарение на ДНК совпаѓање.

Сестрите и братот, сите на возраст над 70 години, се сретнале откако дошло до совпаѓање на нивната ДНК објавена на веб-страницата MyHeritage, објави Би-Би-Си.

Џози Мореј (76) од Островот Вајт во Англија, Џим Меклафлин (77) од Ливерпул и Лорејн Вилијамс (74) од Канада се сретнале во хотел во Саутемптон.

Лорејн Вилијамс, родена во Ливерпул и една од трите деца од ист татко, рече дека емигрирала во Канада со своето семејство кога имала две години и никогаш не знаела за постоењето на нејзините брат и сестра.

Вилијамс рекла дека била во контакт со братот една година пред да одлучи да дојде во Англија на средба.

Споделувајќи ги своите чувства за моментот кога се запознале по речиси 70 години, Вилијамс рече: „Тој момент беше извонреден. Не можев да се воздржам, скокнав. Надреално, радосно и изненадувачки. Сите заедно“.

Џози Мореј истакна дека семејството на шега дискутирало за нејзиното потекло, што го охрабрило нејзиниот внук да донесе тест за ДНК.

„Има толку многу љубов и јас сум воодушевна од тоа. Изненадена сум што чувствувам кон нив”, рекла Мореј, опишувајќи ги своите чувства.

Џим Меклафлин, поранешен аматерски боксер и менаџер на ноќни клубови, кој пораснал во манастири, вели дека мислел дека нема други роднини и дека љубопитноста за неговото минато го навело да учествува во истражувањето.