Две трагедии го одбележаа животот на францускиот тренер: Имал 19 години кога почина брат му… Авионот кој никогаш не слета (фото)

Зад насмевката, за која имаше многу причини на ова ЕУРО, се крие сурова и тешка животна приказна. Искусниот селектор ја предводеше Франција до полуфиналето на Европското првенство.

Ова е животната приказна на Дидиер Дешан, која беше речиси непозната за јавноста…

На 21 декември 1987 година, летот AF 1919 на релација Брисел – Бордо остави неизбришлива трага во животот на Дешан. Младиот Дидие потоа добил лузна која ќе го боли до крајот на животот. Тој остана без својот брат.

Полетувањето на „челичната птица“ во 12:30 поминало добро, но авионот никогаш не слета… Многу лошо време го спречило авионот да се приближи до аеродромот за слетување и авионот се урнал. Животот го загубија сите 16 патници, меѓу кои и Филип Дешан, братот на тогаш 19-годишниот Дидие.

Трагедија… Голема.

За жал, тој момент не беше првата трагедија во неговиот живот. Имено, три години претходно, кога беше во младинскиот тим на Нанат, со еден од соиграчите минуваше уште поголема болка. Тоа е славниот Марсел Десаи, кој во тоа време беше неразделен со Дешан.

Во средината на ноември 1984 година, полубратот на Десаи, Адонко, загина во сообраќајна несреќа. Никој во клубот немаше храброст тоа да му го каже на Марсел, па Дешан ја презеде таа улога. На својот пријател му ја дал најлошата можна вест…

Спортската приказна во животот на Дешан е многу посветла – тој беше светски првак со Франција како фудбалер во 1998 година, а точно 20 години подоцна истото го направи и како тренер.