– Фатмир Сабриу, претседател на Комисијата за правда при Движењето Беса на денешната прес-конференција посочи дека тоа што нивната партија долго време и континуирано ја изразува својата загриженост за лошата состојба во судството се потврдило со изјавите на неколку амбасадори. Според него, корупцијата и политичките влијанија, недостатокот на ефикасност и професионализам направиле довербата на граѓаните во органите за правдата да биде само три отсто.
– Ваквата констатација ја потврдува и изјавата на американската амбасадорка која рече дека: „Кога станува збор за напредокот во судството, ние сме разочарани. Во последните 30 години сме вложиле половина милијарда долари во програми за владеење на правото и добро владеење и реформи што можеле да ги очекуваме со толку голема инвестиција“. Слична загриженост изразија и амбасадорите на ЕУ и амбасадорот на Холандија кои и покрај изјавите ја изразија и својата загриженост за лошата состојба во судството, па презедоа и конкретни чекори кон повлекување на средствата и откажување на проекти поврзани со владеење на правото, посочи Сабриу.
Според Движењето Беса, и покрај укажувањата на амбасадорите, владејачките партии ништо не презеле.
– И покрај овие вознемирувачки и многу сериозни изјави на највисокото дипломатски претставници на најмоќните сојузници на Република Северна Македонија за состојбите и положбата на судството кај нас, премиерот Димитар Ковачевски и Али Ахмети цинично и неодговорно се изјаснуваат дека криминалот и корупцијата треба да се истражува. Но од кого да се истражи. Кој ќе ги следи корумпираните политичари од топење во криминал и корупција, Исљам Абази? Главниот обвинител за гонење на организиран криминал и корупција кој има повеќе фотографии со братот на првиот човек на ДУИ и другите функционери на ДУИ отколку со членовите на неговото семејство? Од синот на спикерот, Талат Џафери, политички експонент на ДУИ или други ваши политички експоненти кои ги тешевте ставајќи ги на разни позиции во органите на правдата?, праша Сабриу.
Претставникот на партијата смета дека само власта има само декларативно, а не вистинска борба против корупцијата.
-Затоа е многу јасно дека само декларативно повикувате на истрага за корумпираните политичари кои ги имате во вашите редови затоа што сте многу сигурни. Тие што треба да го истражуваат и гонат криминалот и корупцијата се оние кои се сите до еден во вашиот круг. Како страв од отстранување од власта, почнавте да ги тешите вашите роднини давајќи им клучни позиции во органите на правдата за еден ден да ве штитат од кривично гонење, а сега парите од криминалот и корупцијата почнавте да ги инвестирате во приватните бизниси, рече Фатмир Сабриу, претседател на Комисијата за правда при Движење Беса.