Од Движењето Беса преку соопштение велат дека функционерите на ДУИ секојдневно продолжуваат да докажуваат колку се антиевропски и прокриминални и коруптивни.
„Последниот скандал објавен во медиумите, каде министерот за надворешни работи Бујар Османи, доделува 1,8 милиони евра на компанијата „Евровиа“, која е еден од главните донатори на ДУИ и предводена од функционери на ДУИ, докажува дека СДСМ и Владата не цели кон интеграција во ЕУ, туку моќ да организира тендери и да ги збогатува своите функционери и партијата“, велат од Движењето Беса.
Додаваат дека кој навистина е за евроинтеграции и работи за доброто на граѓаните, тоа го докажуваат делата.
„Додека за ДУИ постојано се појавуваат корупциски скандали, претставници на Движењето БЕСА секојдневно промовираат нови булевари, асфалтирани патишта и многу други проекти со европски стандарди. Затоа веднаш треба да има парламентарни избори и граѓаните да имаат можност да ја казнат оваа криминална власт. Додека ги повикуваме надлежните институции итно да постапат“, велат Л.Б. и Билал Касами.