За двојното убиство во тетовски Челопек, 60-годишниот маж е осуден на доживотен затвор

На доживотен затвор е осуден 60-годишниот И.И од тетовски Челопек, обвинет за убиство на двајцата братучеди.

Случајот се случи на 27 декември минатата година, каде беа убиени татко и син, братучеди на веќе осудениот. Од пукањето на 27 декември повреден беше и веќе осудениот. Адвокатот на семејството на жртвите Ваљон Адулхамити рече дека одлуката е потврда за посветеноста на правосудниот систем, пренесува „ТВ21“.

„Во својство на адвокат на оштетениот, соопштувам дека по објавувањето на првостепеното решение од страна на Судот, обвинетиот за двојното убиство што се случи на 27.12.2023 година, е прогласен за виновен по сите обвиненија со кои против него се покренати, а тој е осуден на доживотен затвор.

Оваа судска одлука е важен чекор кон правдата за семејството на жртвите и е потврда за посветеноста на правосудниот систем да се погрижи оние кои вршат такви кривични дела да одговараат за своите постапки.

Во овој момент изразуваме благодарност до сите чинители кои придонесоа за овој процес, кои овозможија правдата да си го најде своето место, како и до семејството на жртвите за трпението и силата што ја покажаа. Ќе продолжиме да ги поддржуваме и да се погрижиме правдата да се применува целосно и бескомпромисно“, рече Адулхамити.