Бруталниот конфликт меѓу пејачката Јелена Карлеуша и старлетата Тамара Ѓуриќ не стивнува.
Двете познати дами очигледно не планираат да престанат да упатуваат гадни навреди една кон друга.
Да потсетиме, сè започна со гостувањето на Ѓуриќ во позната ТВ емисија, а потоа започнаа и војна на социјалните мрежи.
Карлеуша за Тамара напиша дека е изрод и суштество од кошмари“, а Ѓуриќ не остана должна и изјави дека го уништила сопругот Душко и е лоша мајка.
Нов бран напади на социјалната мрежа Инстаграм доаѓа од старлетата.
Тамара објави неколку фотографии од Јелена Карлеуша, а со нив ја навреди на сметка на нејзиниот физички изглед:
– Не може вака да се облекуваш со толку килограми. Немам ништо против – но нека се облече тој на кого му стои убаво. Но, ти си дебела, а не си ни убава – истакна Ѓуриќева, а потоа додаде:
– Не е доволно само да го гураш салото од стомакот во задникот, треба да поработиш и на лицето. И онака ти не плаќаш, Турците ти го прават во натура.