Девет пожарникари со две возила од Територијалната противпожарна единица-Тетово ќе заминат во Турција за да помагаат во справувањето со последиците од земјотресот во југоисточниот дел од земјата. Тие имаат опрема за пребарување и спасување на луѓе под урнатини.
-Во знак на солидарност и поддршка, група од девет лиценцирани лица за елементарни непогоди од Територијалната противпожарна единица Тетово, со противпожарна и опрема за пребарување и спасување заминаа за југоисточниот дел на Турција за да му помогнат на турскиот народ. Тетово ја споделува и сочувствува со големата болка на турскиот народ и оваа огромна трагедија што ја зафати Турција, порача градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.
Според командантот на единицата Авни Амети пожарникарите се обучени за ваква намена за пребарување и извлекување на луѓе во случај на земјотрес.