На социјалните мрежи кружи видео кое подеднакво ги збунува и плаши корисниците, а има повеќе од 1,3 милиони прегледи.
На почетокот гледаме девојка како ужива како ги храни желките. И’ ги грабаат парчињата од раце, а сцената изгледа безгрижно. Неколку секунди подоцна настанал хаос.
Сосема неочекувано, глава на „мистериозно суштество“ излегува од водата, а не е јасно дали целта била девојката или желките.
Девојката избезумена бега од местото, а снимката станува хаотична, па не гледаме што точно се случило.
Видеото е објавено со порака „Добро, што беше тоа?“, а стотици корисници на Твитер побрзаа да помогнат во решавањето на мистеријата, пренесува Дејли Стар.
Секако, имаше и хумористични пораки како „Дали тоа беше покемон?“. или „Таа го сними бебето чудовиште од Лос Нес“.
Многу корисници веруваат дека се работи за комадски варан, еден вид гуштер роден во Јужна и Југоисточна Азија, кој претежно живее во реки или крајбрежни шуми. Вараните можат да достигнат должина од два метри и да тежат до 90 килограми, што ги прави втори најтешки гуштери во светот, по Комодо.
„Тие се одлични пливачи. Овој ја забележал можноста за ручек и ја искористил“, напишал еден од корисниците.