Службените канали на принцот и принцезата од Велс објавија фотографија на Кејт Мидлтон од детството.
На фотографијата од 1983 година Кејт има неполни две години, а фановите на кралското семејство се воодушевени од сликата и велат дека страшно ги потсетува на малиот принц Луис. Принцезата од Велс ја сподели сликата како дел од нејзината кампања ShapingUs, која ја промовира важноста на децата и родителите во првата година од животот.
Кејт е родена во јануари 1982 година во богато буржоаско семејство. На универзитетот го запознала принцот Вилијам, со кого се омажила во 2011 година, по десетгодишна врска.