Таа стана мајка на мало девојче кое заедно со партнерот Марко Нежиќ ја нарекоа Лара.
Дејана Бачко , српска спортистка и уметничка која е родена без раце, стана мајка на девојче кое таа и нејзиниот партнер Марко Нежиќ ја нарекоа Лара.
Медиумите ја нарекуваат и „девојката со крилја“, а иако нема раце, секој ден покажува дека невозможното понекогаш е возможно.
Таа е светска шампионка во таеквондо за инвалиди, дипломирала на Академијата за уметности во Нови Сад, а се занимава и со стрелаштво.
На својот Инстаграм профил има повеќе од 87.000 следбеници и често споделува детали од приватниот живот. Таа сподели и фотографија со бебето, со коментар: „Боже, ти благодарам за овој подарок“.
„Сега си мајка со крилја, бебето е убаво“, „Браво, одржувај ја Лара жива и здрава“, „Честитки“, се само дел од коментарите на нејзините следбеници.
Инаку, Дејана, без разлика на инвалидитет, нормално ги извршува сите секојдневни обврски, а на социјалните мрежи често споделува фотографии од тренинзите и патувањата.