Девојка го дои момчето затоа што тоа ги возбудува: Мажот вели дека „Тоа е послатко од кравјото млеко“ и го пие секој ден (фото)

Секој пар има свои уникатни љубовни ритуали – некои се поневообичаени од другите.

Еден маж откри како неговата 23-годишна девојка почнала да го дои откако предизвикала лактација (производство на млеко надвор од бременоста).

Мажот објасни како неговата девојка прво се обидела да предизвика производство на млеко природно за да ги зголеми нејзините гради.

– Се запознавме во првиот семестар на факултет на една забава на заеднички пријател и станавме навистина добри пријатели. Можам да кажам најдобри пријатели. По некое време ми кажа за нејзината единствена способност. Таа ми рече дека може да дои.

Жената вели дека можела да предизвика млеко со масажа и пумпање на градите пет до шест пати на ден, околу 15 до 20 минути.

– Тоа беше голем шок за мене, но сакав да ја поддржам, па поставував прашања и се радував за неа.

– Неколку недели подоцна се дружевме. Еднаш таа рече дека треба да оди на пумпа. Откако го направи тоа, таа излезе и ме праша дали сакам да го пробам. Не можам да лажам, бев многу љубопитен па реков да.

На крајот го пробав и навистина ми се допадна.

– Таа одговори дека можам да го пијам кога сакам.

Така почна, а потоа речиси секој ден ми носеше шишиња од нејзиното млеко. На факултет практично секој ден и го пиев млекото.

Сега кога двојката се во врска, неговиот внес на мајчино млеко е десеткратно зголемен, а тој вели дека повеќе го сака наместо обичното кравјо млеко.

– И двајцата дадовме сè од себе ова да остане во тајност, единствената личност што знае е нејзината најдобра пријателка која и’ била цимерка за време на студиите.

Но, и двајцата сакавме да го споделиме ова со луѓето, се разбира анонимно, и да видиме што мислат луѓето. Се разбира, луѓето беа многу љубопитни како успеала да предизвика лачење млеко, иако не била бремена, и како го одржувала толку долго.

Mладиот човек со повеќе од задоволство одговараше на прашања, откривајќи дека често пие директно од градите и дека доењето е дел од нивниот сексуален живот.

Друг човек праша каков вкус има млекото, на што тој одговори:

– Сосема личи на кравјо, но послатко! Некако како млекото што останува во сад со зашеќерени житарки.

Другите луѓе не биле толку убедени, а многумина го обвинија човекот дека лаже.

Сепак, имаше и такви кои потврдија дека е возможна индуцирана лактација.

Едно лице напиша:

,,Не е почудно од пиењето кравјо млеко. Не знам зошто би сакале да го чувате во тајност, но повеќето луѓе можеби нема да разберат. На што се сведува е едноставно, тоа е нејзиното тело, па секако таа , може да прави што сака, да поттикнува и одржува лактација и да те дои. Не гледам ништо лошо овде.”

Според Алис Шнел, консултант за лактација (IBCLC), доењето е можно без бременост.

Според пишувањата на веб-страницата на Лигата на Ла Леш, таа вели:

„Единствената неопходна компонента за поттикнување на лактација – официјален термин за правење млеко без бременост и породување – е стимулација и одводнување на градите. Оваа стимулација или празнење може да се случи со доење на бебето, користење на електрична пумпа за гради или користење на различни рачни техники.