Ана Белисарио (20) почина на 5 февруари минатата година во болницата Сан Рафаеле во Италија, откако доживеа анафилактичен шок додека вечераше со своето момче во ресторан за брза храна во Милано на 26 јануари.
Покрената е истрага за смртта на 20-годишната девојка, бидејќи Ана била алергична на млечни производи, а и’ бил послужен тирамису десерт кој бил направен со млеко, а воедно таа била и веган.
Две жени кои водеа слаткарница и беа одговорни за снабдување на ресторанот со десерти се под истрага за убиство од небрежност. Прелиминарната истрага сугерира дека осомничените ја измешале нарачката за вегански слатки со десерти што содржеле млеко, што резултирало со фатален исход за младата девојка, пишува италијанскиот дневен весник „Кориере дела сера“.
Во извештајот од истрагата се тврди дека компанијата не спречила мешање на две производни линии во лабораториската слаткарница, која во тоа време снабдувала 63 италијански ресторани со веганскиот производ Тирамису.
Во реконструкцијата, која беше направена во понеделникот, речиси една година по смртта на Ана, обвинителите тврдат дека не се почитувало одвојувањето на состојките и дека персоналот не добил соодветна обука, освен четиричасовен курс.