Понекогаш, реалноста може да донесе повеќе страшни приказни отколку фикцијата. Таков е случајот со животната приказна на Бланш Моние, девојка од Франција која поминала речиси четврт век затворена во заклучена соба, каде што живеела во сопственото ѓубре и отпад.
Приказната започнува во 1876 година, во Париз. Бланш Моние, која тогаш имала 25 години, се заљубила во постар, сиромашен адвокат, кој воопшто не и’ се допаѓал на нејзината мајка, аристократ.
Моние била решена да се омажи за љубовта на нејзиниот живот. Потоа одеднаш, буквално преку ноќ, Бланш исчезнала од лицето на земјата. Мајка и’ и брат и’ ја оплакувале и си продолжиле со секојдневниот живот, иако тајно криеле страшна тајна.
Во 1901 година, 25 години по исчезнувањето на младата девојка, државниот правобранител добил мистериозно писмо во кое некој изјавил дека пишува во име на ,,мртвата” девојка која, гладена и заробена, била на таванот на куќата на г-ѓа Моние, четврт век, каде што живее во сопственото ѓубре.
Затекнале страшна глетка
Шокирана од писмото, полицијата веднаш почнала да истражува. Полицијата упадна во куќата и во поткровјето каде ги облеала страшна смрдеа.
Уште поголем шок следувал кога откриле морничаво слаба жена стуткана на кревет и се крие од светлината што не ја видела 25 години. Бланш, која во тој момент тежела само 25 килограми, била затвореничка на сопствената мајка.
Еден сведок ја опиша сцената на која наишле:
„Сиромашната жена лежеше целосно гола на федерите од душекот. Околу неа имаше остатоци од измет и урина, парчиња месо, овошје, зеленчук, риба и бајат леб. Воздухот беше тежок, а смрдеата беше толку силна што не можевме да останеме доволно долго во собата за да ја завршиме истрагата“.
Трагична судбина до самиот крај
Мајката на кутрата Бланш била веднаш уапсена и починала во затвор 15 дена подоцна, откако го признала своето дело.
Имено, кога нејзината ќерка одбила да ја прекине врската со постар адвокат, решила да ја затвори во мала соба додека не се предомисли. Бланш никогаш не се предомислила, а нејзината мајка продолжила да ја држи затворена дури и по смртта на нејзиниот љубовник во 1885 година.
Братот на Бланш бил осуден на 15 месеци затвор за помагање на мајка си во злосторството, но набрзо бил ослободен бидејќи тврдел дека неговата сестра можела да излезе во секое време, но таа не сакала.
Бланш почина во 1913 година во санаториум.