Еве ја тајната на долгиот живот на оваа 97-годишна баба!
Постојат многу луѓе кои сакаат да „собираат“ приказни од нивните баби и дедовци за тајната на долгиот живот. На овој начин тие секогаш учат нешто ново и имаат повеќе искуство. Една од нив е фризерката Британи Ганон од Калифорнија која во разговор со постара клиентка ја открива тајната на нејзината долговечност.
Бабата по име Јулија, која годинава наполнила 97 години, во кратко видео објаснува како стигнала до таа возраст, што јадела, дали тренирала и дали некогаш била на специјална диета. Како што истакнува на самиот почеток, никогаш не сакала да живее толку долго.
„Не сакам да живеам премногу, не сакам да видам што ќе се случи во иднина“, објаснила оваа баба обидувајќи се да не се смее.
„Никогаш не одев во теретана, не вежбав или нешто слично, само живеев нормален живот. Не јадев супер здрава храна, ниту бев на диета“, додава бабата во видеото кое е хит на Интернет.
Сепак, иако во нејзиниот случај сè е спротивно од она што го пропагираат најдолговечните луѓе на планетата, бабата Јулија открива една бесплатна тајна, а тоа е дека секој мора да има смисла за хумор.
„Верувам дека колку повеќе се смееме на себе и на секојдневните искушенија, толку повеќе можете да го прифатите животот како што доаѓа. Смеата не зближува и не тера да се вклучиме во сите сличности што ги имаме, а не во разликите“, заклучува таа на крај од видеото.