Анџелина Вајли, која се претставува како Нина, има 22 години и живее во Канзас Сити, а како што тврди животот и’ го спасила најпознатата старлета на светот Ким Кардашијан.
Таа сними видео на TikTok во кое откри дека случајно се нашла среде пукање и дека благодарение на корсетот што го носела тогаш успеала да преживее.
– Ким Кардашијан ми го спаси животот. На новогодишната ноќ ме застрелаа четири пати. Таа вечер го носев нејзиниот корсет под фустанот. Толку ми беше стегнат што спречи да искрварам – рече таа, а потоа додаде:
– Тоа е како штит за жените. Наречете го тоа судбина или божји работа а јас ќе го наречам Ким.