Супатра Нати Сасупан е највлакнестата жена на светот, а поради лицето покриено со коса го добила прекарот „мајмунско лице“ и „волчица“.
Нати со години живее со погрдните прекари „ мајмунско лице “ и „ волчица “, а сега конечно ја најде среќата покрај својот вереник.
Супатра Нати Сасупан е родена на 5 август 1999 година, но нејзините родители биле толку изненадени и исплашени бидејќи девојчето било покриено со коса, па нејзиното лице воопшто не се гледало.
Косата на Ната и го покри целото лице и тело, а лекарите никогаш порано не виделе нешто слично.
Дури со години подоцна беше откриено дека Нати има ретка болест наречена Амбрас синдром, состојба која се јавува само во 50 случаи.
Амбрасовиот синдром се карактеризира со раст на влакна по целото тело, освен стапалата и дланките.
Сепак, Нати имала среќа да се роди во семејство кое ја сака. Нејзината мајка рече: „Среќни сме што е родена во нашето семејство“.
Како што растела, Нати нејзините врсници на потсмев ја нарекувале дете со „мајмунско лице“, но не можела да разбере зошто ја исмевале бидејќи се сметала за нормална девојка која имала вишок коса.
Со текот на времето, децата ја прифатија Нати и таа стана една од најпопуларните ученички во училиштето.
Нати се помири со својата состојба, сфаќајќи дека нема лек за неа. Таа избрала да ги задржи влакната на телото како што растат природно од моментот кога се родила, само да го избричи лицето кога станала тинејџерка. Како што растеше, самопочитта и сликата за себе ѝ станаа поважни, а таа најде и љубов.
Сега е мажена за момче кое го нарекува „љубовта на мојот живот“
„Прво бевме пријатели, а потоа станавме пар. Тоа е вид на љубов што никогаш не очекував да се случи.
Кога се омажила решила да ја избричи целата коса од лицето, па сега за прв пат и се видливи очите, носот, усните, челото и лицето.
Погледнете како изгледа сега: