Девојчето кое седеше со малиот Вукан во училишната клупа се прости од него: „Драг пријателе…“ (фото)

Црна Гора и целиот регион тагуваат за жртвите на масакрот во Цетиње, за животите на 12 невини луѓе, меѓу кои и момчињата, браќата Јован и Вукан, кои во својот дом ги уби лудиот Ацо Мартиновиќ. Вчера илјадници луѓе им изразија сочувство на родителите на Новите гробишта во Цетиње, а потоа невините момчиња заедно со нивниот вујко беа испратени во вечното почивалиште.

Црногорските медиуми вчера снимија шокантни сцени во близина на домот на убиените момчиња. Нивната топка која остана во дворот и тажното куче кое со часови стоеше на портата на дождот, како да ги чекаше пријателите да си дојдат дома…

Сепак, најтрогателен е некрологот на девојката Дуња, пријателката на Вукан од клупата, која денеска се прости од својот другар.

„Твоето присуство во училишната клупа беше извор на радост и другарство. Ќе ни недостигаш на секој час, на секој одмор, во секој момент. Почивај во мир драг пријателе. Твојата Дуња од училишната клупа“, стои во објавениот некролог во Побједа.

Да потсетиме, убиените Вукан и Јован беа на само 8 и 13 години и најмладите жртви на крвавиот масакр што се случи на 1 јануари во Цетиње.