Девојче (12) се самоуби поради насилство во училиште: Трагедија во Словенија

Девојче (12), ученичка во основно училиште во Шоштање се самоубило а се претпоставува дека причина за тоа било насилството кое го трпела на училиште.

Девојчето се самоуби минатата сабота, а родителите и пријателите вчера ја испратија на вечниот одмор.

Деталите за трагичниот настан, како и идентитетот на жртвата не се објавени.

Полицијата во Целје соопшти дека ги истражува сите околности околу смртта на малолетното девојче.

„Можеме само да потврдиме дека се работи за смртен случај на подрачјето на Полициската управа Целје. Веднаш почнавме да ги проверуваме сите околности што довеле до трагичниот настан“, изјави Милена Трбулин од полицијата.

Во Центарот за социјална работа Савињско-Шилешко, единица Велење, објаснија дека за насилството од врсниците најчесто се информирани од полицијата.