Таа била интубиирана на лице место и во тешка состојба е пренесена во болница.
Девојка (13) е тешко повредена откако паднала од седми кат во зграда во Букурешт.
Неофицијално, девојката се обидела да се самоубие по расправија со нејзината мајка.
Целиот хаос што следеше по падот беше снимен од надзорните камери.
Таа била интубиирана на лице место и во тешка состојба е пренесена во болница.
Соседите велат дека скокнала од седми кат по расправија со нејзината мајка.
Наводно пред скокот оставила проштално писмо на мајка си во кое напишала „Заслужуваш подобра ќерка“.
Инцидентот е снимен од надзорните камери.
На видеото се гледа како соседите и приоѓаат на девојката по падот, како и моментот кога спасувачките екипи ја носат во болница.
Видеото можете да го погледнете на овој линк .
Полицијата изврши увид на лице место, а кога ќе биде завршена ќе се знаат повеќе детали.