Унгарската полиција трага по девојче (3), кое пред повеќе од една недела сред бел ден беше одземено од рацете на нејзината мајка.
Според мајката Илдико, малата Лили Фонсеко била киднапирана од нејзиниот татко, кој е државјанин на Португалија.
Девојчето било киднапирано од прегратките на нејзината мајка при кавга меѓу двајца сопружници, а Илдико десет дена не знае ништо за неа.
Како што соопшти полицијата, малата Лили е со просечна градба за тригодишно дете, има долга кафена коса и кафени очи.
Илдико рече дека го запознала таткото на Лила, кој е Португалец, во Луксембург . Тие никогаш не се венчале бидејќи додека била бремена со Лили, тој станал насилен кон неа.
„Сама го одгледав детето. Кога беше можно, бидејќи претходно не можев поради ковид, почнав да доаѓам во Унгарија, да барам помош“, рече Илдико.
Ситуацијата меѓу нив двајца малку се смирила, а потоа тој повторно станал насилен.
„Почна да ми се заканува дека ако останам во Унгарија повеќе од една недела, ќе дојде со полиција да ми го земе детето“, се сеќава Илдико.
Додека не ја добила одлуката на судот дека е единствен старател, еднаш неделно на свој трошок ја носела малата Лили, која немала ни две години, во Луксембург, за да може татко и да ја види. Меѓутоа, Лили потоа тргнала во градинка и Илдико повеќе не можела да ја носи кај нејзиниот татко одвреме-навреме. Потоа дошол во Унгарија и и го киднапирал детето.
Како што тврди, пред нешто повеќе од една недела и го земал детето од раце на паркингот пред супермаркет.
Ми го грабна детето од раце , моето девојче кое врескаше.
За се веднаш била известена полицијата, но се уште не успеала да влезе во трага на девојчето.