18-годишна Канаѓанка испиша историја освојувајќи 48 милиони канадски долари, откако за прв пат во животот купила лотарија.
Џулиет Ламур од Sault Ste Marie, Онтарио беше прогласена за победничка во петокот од страна на корпорацијата за лотарија и игри на Онтарио (OLGC), што ја прави најмладата личност која освоила десетици милиони канадски долари.
Ламур, која го купила билетот на нејзиниот 18-ти роденден по предлог на нејзиниот дедо, вели дека заборавила на тоа додека не ја слушнала веста дека некој од нејзиниот роден град победил на извлекувањето на 7 јануари.
Само што наполнив 18 години и дедо ми ми предложи да ја купам лотаријата за забава“, изјави таа за Глобал њуз.
„Кога отидов во продавница, не бев сигурна што да барам бидејќи никогаш претходно не купив билет, па му се јавив на татко ми кој ми рече да купам брз избор на Лото 6-49“, објасни среќниот добитник, додавајќи дека сè уште не можела да поверува дека го добила џекпотот на првиот купен билет.
Лотаријата објави дека во последните години имало млади добитници, но никој не освоил милионска сума како Џулиет.
Студентката понатаму раскажала како дознала додека била на работа, и дека нејзиниот колега „паднал на колена во неверување“. Иако ѝ било кажано дека може предвреме да замине од работа, нејзината мајка инсистирала да остане и да ја заврши смената.
Ламур рече дека планира да инвестира поголемиот дел од својата добивка со помош на нејзиниот татко, кој е финансиски советник. Таа сака да патува откако ќе дипломира, но рече дека сака да се врати во Северен Онтарио за да ги продолжи студиите за да стане доктор и да се занимава со медицина и да и се врати на својата заедница.
„Кога училиштето ќе заврши, јас и моето семејство ќе избереме континент и ќе започнеме да истражуваме“, рече таа. „Сакам да искусам различни земји, да ја проучувам нивната историја и култура, да ја пробам нивната храна и да го слушам нивниот јазик.
„Парите не те дефинираат. Ќе бидете дефинирани од работата што ја работите“, заклучи таа.