Дедо по име Хуан (65 г.) е обвинет дека ја киднапирал сопствената внука (4 г.) и од неговата ќерка барал откуп од околу 76.000 евра со кои сакал да си ги плати коцкарските долгови, пишуваат кинеските медиуми.
Според тамошните медиуми, тој ја земал внуката од училиште и наместо да ја однесе дома, ја однел во изнајмен стан, а потоа побарал откуп од својата ќерка за да ја ослободи.
Дедото, кој се борел со зависност од коцкање, и се заканил на сопствената ќерка дека ќе го убие 4-годишното девојче доколку не му се исполнат барањата. Откако неговата ќерка повикала полиција, Хуан бил уапсен и моментално е во затвор.
Инцидентот предизвика метеж во Кина, при што повеќето луѓе на социјалните мрежи ја советуваа неговата ќерка да го прекине секој контакт со него.