Една од актерките која секогаш привлекува големо внимание на црвениот тепих е 56-годишната Салма Хајек која најчесто избира провокативни фустани со длабоко деколте, а поради тоа наиде и на негативни коментари.Таа оваа година во Кан се појави во фустан на познатиот британски дизајнер Александар Меквин, кој ги истакна нејзините раскошни облини за кои многумина тврдат дека направила пластична операција, но актерката остро негира.
„Кај некои жени тие се намалуваат. Но, има некои жени кои кога ќе се здебелат им растат градите, а на други, кога имаат деца и дојат, градите им растат и повеќе не се спуштаат надолу, а потоа кај некои случаи, кога сте во менопауза, тие повторно растат“, објаснила американско-мексиканската актерка во едно од интервјуата.
„Едноставно, јас сум една од оние среќни жени кои пораснаа во секој случај, и да, тие се природни. Сменив многу големини на градници, а мојот грб страда поради тоа. Многу луѓе не зборуваат за тоа, но треба“, објасни убавата актерка.
За потсетување, многу од обожавателите на Салма се восхитуваат на нејзината убавина и младешки изглед, но сметаат дека таа треба да најде стилист кој ќе го направи нејзиниот стил поелегантен и посоодветен за нејзиниот статус.