Супермоделот Адриана Лима изминативе денови престојуваше во Милано каде учествуваше на Модната недела. Фаталната бринета се прошета на модната писта и покажа зошто и на 43 години е една од најпосакуваните модели.
Манекенката ја искористи можноста и да се прошета низ градот, а нејзиното појавување во најкраткиот фустан досега ги запали сите. Деколтето и црната чипка беа посебен шмек на облеката на поранешната српска снаа, која не престанува да ја интригира јавноста.
Изгледот беше комплетиран со дискретна шминка, која ги истакна нејзините природни црти на лицето, како и тесна пунџа, која на изгледот му даде доза на сериозност.
Борете се
Лима последниве години често беше мета на критики за својот изглед и килограми, како на поранешниот ангел на Викторија Сикрет да не смее да има вишок килограми по породувањето, како на сите „обични“ жени. Со ова враќање на модната писта може да се каже дека ги замолчи злите јазици!
Правилна исхрана
Исхраната на Адријана ја надгледуваат неколку експерти: диететичар и експерт за кинеска медицина. Секоја недела подготвуваат посебно мени за Адријана, на кое таа се труди да се придржува.
Исто така, ангелот на Викторија Сикрет се обидува да пие многу вода и билен чај.
Трчање
Покрај основниот тренинг, Адријана редовно трча. Постои уште еден таен трик за виткост. Секое утро таа скока на лентата за трчање по десет минути, додека „срцето не почне брзо да и’ чука“.