Додека продолжува „дебатата“ за можноста за користење на пасоши кои се валидни, но со старо име, како и за тоа дали може да се користат за патување низ земјите на ЕУ, од Делегацијата на ЕУ во Скопје велат дека признавањето на патните исправи од трети земји е единствена одговорност на секоја земја членка на Европската Унија.
„Важно е Македонија да продолжи да ги почитува меѓународните договори, вклучително и обврските поврзани со промената на пасошите, што е поврзано со Договорот од Преспа.
Потсетуваме дека прифаќањето на патните исправи од трети земји е во надлежност на секоја земја членка на ЕУ“, велат од Делегацијата на ЕУ во „Слободен печат“.