Бројот на автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје е намален поради штрајкот на еден од синдикатите во јавното претпријатие.
Вчера членовите на синдикалната организација најавија дека утрово ќе протестираат од 4:30 до 12:30 часот. Барањата на синдикатот кој ја донесе одлуката за штрајк се усогласување на минималната плата со колективниот договор, неплаќање прекувремена работа или храна за работниците во ноќна смена.
За штрајкот нема поддршка од другите синдикати во ЈСП, од каде велат дека ќе има автобуси на улиците на главниот град.