МВР најостро ги демантира шпекулациите кои денеска се проширија по одредени портали, локални телевизиски станици и социјалните мрежи за наводен спречен обид за грабнување на малолетно лице во училишен двор во општина Карбинци, соопштија од МВР.
– Според официјалната пријава до полицијата: Денеска (05.12.2023) во 09.52 часот во СВР Штип од Основно училиште во Општина Карбинци е пријавено дека околу 09.30 часот во училишниот двор со патничко возило „голф“ дошло младо машко лице, кое според пријавеното, поканило ученичка да влезе во неговата кола за да одат на кафе, но таа веднаш се вратила во училиштето и пријавила кај директорката. Се работи на расчистување на случајот, се наведува во соопштението од МВР.
Пласирањето на ваквите шпекулации, од кои дел и во дневно-политички цели, се посочува во демантот од МВР, е со цел да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните.
Од МВР апелираат до граѓаните да не наседнуваат, како што стои во соопштението, на вакви шпекулации. Исто така, МВР им благодари на медиумите кои ги проверуваат информациите во надлежните институции