Управата за јавни приходи ги демантира новодите на ВМРО-ДПМНЕ за работата на УЈП и за постапката која што ја водат надлежните институции за злоупотреба на даночниот систем.
„Управата за јавни приходи остро ги демантира наводите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, во кои се изнесуваат невистини за работата на УЈП и постапката која што ја водат надлежните институции за злоупотреба на даночниот систем“, се посочува во соопштението од УЈП.
Од УЈП наведуваат дека изнесувањето неточни и лажни информации од страна на ВМРО-ДПМНЕ со кои „се манипулира и доведува во заблуда јавноста“, нанесува штета на работењето на УЈП.
„Институциите како и досега за сите случаи постапуваат согласно своите надлежности, и тоа го прават во интерес на граѓаните. Апелираме јавноста да не потпаѓа на овие манипулации и да ги следи официјалните информациите кои доаѓаат директно од институциите“, наведуваат од УЈП.