Додека го промовираше своето ново шоу „Feud: Capote vs. The Swans“, Деми Мур, сподели нови информации за здравјето на нејзиниот поранешен сопруг Брус Вилис.
„Мислам дека му оди многу добро, со оглед на околностите“, ја цитира CNN изјавата на поранешната сопруга на актерот.
„Ќе го кажам тоа што им го кажувам и на децата, а тоа е дека е важно да ги запознаеме таму каде што се и да не се држиме за она што не се, бидејќи во тоа има голема убавина, сладост, љубов и радост“, изјавила таа.
Како што беше познато, актерот во 2022 година објави дека се повлекува од кариерата поради когнитивни проблеми. Му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција (ФТД) која предизвикува влошување на однесувањето, личноста и говорот.
Деми Мур и Брус Вилис се разведоа во 2000 година и добија три ќерки – Румер, Скаут и Талула. За овој пар е специфично тоа што по разводот продолжија да имаат пријателски односи. Брус Вилис долго време е во брак со Ема Хеминг Вилис со која има две ќерки – Мејбел и Евелин. Бидејќи дијагнозата на актерот е позната, двете семејства се трудат да бидат што повеќе со него.