Демократски сојуз: Победата е голема, но и одговорноста

Демократскиот сојуз ги оценува претседателските и парламентарните избори како фер и демократски.

„Откриените неправилности треба да бидат предмет на работа на надлежните институции. Двојната победа со која Гордана Силјановска Давкова стана првата жена претседател на Македонија и 58-те пратенички мандати што ги освои Коалицијата „Македонија јоте“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, претставува голема чест и доверба, но и одговорност и предизвик на силните за вети радикални реформи и зајакнување на темелите на Македонија, како демократска, суверена и модерна европска држава.

Дамка на целиот изборен процес со обиди да го наруши, особено вчера, раководството на ДУИ, кое реши да ги бојкотира претседателските избори, со крајна цел, доколку бојкотот биде успешен, Македонија да ја вовлече во политичка нестабилност“, велат од ДС.