Потребата за огромна помош и поддршка за Турција и Сирија, ја истакнал министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, пред почетокот на денешниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Брисел, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Дендиас рекол дека станува збор за „библиска катастрофа“ од досега невидени размери и затоа „потребна е огромна помош и огромна поддршка“.
Додал дека ќе ги информира неговите колеги за неговата посета на областите погодени од земјотресот во Турција и дека ќе разговараат за можностите за помош на двете земји.