Ова е пораката испратена до 12-ти ден од последниот месец од годината, кој е еден од најважните датуми во нумерологијата.
Овој датум 12.12. крие голема количина на духовност и е еден од таканаречените огледални датуми кои ја кријат моќта на позитивната енергија.
Нумерологијата ни кажува многу за себе, а во пресрет на празниците открива карактерни црти кои донекаде сме ги запоставиле во остатокот од годината.
Секојдневните животни обврски не спречуваат да ја сфатиме добрината во себе, најмногу затоа што секогаш брзаме, а добрите дела ни се лизгаат многу лесно низ раце.
Бројот 12 има огромна улога во различни култури во светот уште од античко време. Освен нумеролошки, 12 содржи и важни математички, архетипски и духовни вредности. На пример, една година има 12 месеци, има и 12 хороскопски знаци, 12 често ги гледаме на часовникот, во распоредот на возовите и насекаде околу нас.
Исто така, 12 е составена од комбинација на броеви која содржи огромна количина на позитивна енергија.
Бројот 12 означува и нов почеток. Секој пат кога ќе го видиме бројот 12, тоа може да биде знак дека нешто во нашиот живот се ближи кон крајот, а секој крај носи со себе нов почеток.
Тоа е знак дека треба да ги оставиме сите лоши работи зад себе за да направиме простор за позитивни промени во нашите животи.
Според многу мистици, 12.12. е светиот код кој пристапува до преминот на просветлувањето и тој иницира промена. Овој број им помага на луѓето да ги сфатат најсветлите точки во себе и ја носи пораката дека секој човек е всушност добар, некорумпиран и подготвен да им помогне на другите луѓе.
Ако често го гледате овој број, тоа може да биде порака дека треба да ги преуредите вашите приоритети во животот.
Тоа е, меѓу другото, бројот на заедништво и семејство, па тоа е и сигнал дека семејството секогаш треба да биде на прво место.
Животот е полн со можности за наш личен раст, а сега е најдобриот период од годината кога можеме да се запознаеме себеси и да ја споделиме нашата добрина со другите.