Овој астероид е опасен поради својата големина, но не треба да ја загрозува нашата планета.
Астероид со големина на стадион ќе помине покрај Земјата на 2 февруари нешто по 18 часот, објави НАСА . Ова небесно тело, наречено 2008OS7, има пречник од 271 метар и е наречено „убиец на градовите“, пренесува Live Science.
Иако нејзината големина е опасна, проценките се дека никогаш нема да лета доволно блиску до Земјата за да и се закани. И ако тоа се случи, може да уништи град со големина на Њујорк, поради што е наречен „убиец на градовите“.
‘City killer’ asteroid will make its closest approach to Earth for centuries this Friday (Feb. 2) https://t.co/FO1ea0WKjK
— Live Science (@LiveScience) February 1, 2024
НАСА идентификуваше околу 25.000 потенцијално опасни астероиди, а само еден од навистина опасните ја погодува Земјата на секои 20.000 години.