Граѓанското здружение „16 март 2025 Кочани“ најавува нов протест за денес, 25-ти по ред, „Марш за ангелите“ кој ќе започне во 16:05 часот.
Родителите и граѓаните ќе маршираат од „Паркот на револуцијата“ преку Трговскиот центар и зградата на Управата за јавни приходи до Полициската станица.
Оттаму, маршот ќе продолжи до Основниот суд и обвинителството во Кочани.
„Овој марш е симбол на единство, достоинство и глас што бара одговорност. Го посветуваме на ангелите кои никогаш нема да бидат заборавени и на борбата за вистината што им ја должиме. Ги повикуваме сите граѓани, без оглед на религијата, етничката припадност или политичката припадност, да ни се придружат и заедно да покажеме дека правдата за нашите ангели е над сè“, се наведува во соопштението на здружението „16 март 2025 Кочани“.
Маршот обично завршува од почетната точка кај „Паркот на револуцијата“ во Кочан.