Денеска точно во 14 часот и 53 минути следува важен настан! Полната месечина во Лав носи емотивен колапс за 4 знаци

Полната Месечина не очекува денеска во 14 часот и 53 минути во огнениот знак Лав и ќе има силно влијание врз сите знаци, но ќе има поголемо влијание врз Лавовите, Биковите, Водолиите и Скорпиите. Полната месечина ќе трае две недели, па затоа е време да се стави крај на еден циклус и да се започне нешто ново.

Полната месечина во Лав носи силна, драматична и страсна енергија. Овој астролошки настан обично ги истакнува нашите емоции, его и потреба за препознавање.

Лавот е знак на самодоверба, креативност и храброст, па кога Месечината е во овој знак во полна фаза, може да почувствуваме силна потреба да се изразиме, да бидеме забележани и сакани.

Што носи полната месечина во Лав?

Интензивни емоции – Лавот бара внимание и љубов, па може да станеме емотивно подраматични од вообичаено.

Самодоверба и храброст – Ова е одлично време да бидеме во центарот на вниманието и да ги покажеме нашите таленти.

Романтика и страст – Љубовните врски можат да станат повозбудливи, но и подраматични.

Полната месечина го осветлува она што го потиснувавме – сега е време да се запрашаме дали живееме во склад со нашето срце. Лавот не потсетува да ја слушаме нашата интуиција и смело да ги следиме нашите соништа .

Секоја полна месечина е поттик за емоционална кулминација, па затоа сите хороскопски знаци треба да бидат внимателни при носењето одлуки денес. 

Како да се искористи оваа енергија?

 Изразете се – без разлика дали преку уметност, говор, стил или однесување.

 Бидете храбри – направете го првиот чекор кон нешто што го сакате.

 Ослободете се од се што ве кочи – Лавот бара автентичност!