Палестинските власти упатија повик до раселеното население во Газа да се вратат во своите домови кога ќе започне прекинот на огнот.
Прекинот на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас треба да започне денеска во седум часот по локално време , соопшти катарското Министерство за надворешни работи.
Според портпаролот на министерството, Маџид ал-Ансари, првата група од 13 заложници кои ги држеше Хамас ќе биде ослободена од Појасот Газа во 16 часот .
Според него, во таа група има жени и деца , пренесува ТАСС.
Ал Ансари рече дека страните вклучени во договорот за прекин на огнот во Појасот Газа веќе ги добиле списоците на заложниците кои треба да бидат ослободени.
Според соопштението на катарското Министерство за надворешни работи, штом стапи во сила прекинот на огнот, хуманитарната помош ќе започне да пристигнува во Појасот Газа.
На прашањето за заложниците на Хамас кои не се државјани на Израел, Ал-Ансари рече дека приоритет е да се изведат жените и децата на безбедно и дека целта на паузата во борбите е да се постигне „трајно примирје“.
Утрово, на само неколку моменти пред официјалниот почеток на привремениот прекин на огнот, израелската армија на социјалните мрежи објави видео во кое го предупредува населението од Појасот Газа да не се враќа на север од енклавата бидејќи „војната не е уште готово“, јавува Би-Би-Си (ББС).
⭕️Watch this important message from the IDF Spokesperson for Arab media, @AvichayAdraee, to the civilians of Gaza:
— Israel Defense Forces (@IDF) November 24, 2023
”The war is not over yet. The humanitarian pause is temporary. The northern Gaza Strip is a dangerous war zone and it is forbidden to move north. For your safety,… https://t.co/OmtxDYHIK3 pic.twitter.com/4gaJDxgy5I
Хуманитарната пауза е привремена – објави портпаролот на армијата на арапски.
Тој додаде дека северниот дел на Појасот Газа е „опасна воена зона“ и дека „движењето кон север е забрането“ .
– За ваша безбедност мора да останете во хуманитарната зона на југ – се наведува во видео најавата.
Во исто време, израелската армија фрли летоци над Газа во кои ги предупредува жителите да не се враќаат во своите домови на северот на енклавата .
Палестинските власти упатија покана до раселеното население во Газа да се вратат во своите домови кога ќе започне прекинот на огнот, пишува Тајмс оф Израел.