Денес е Свети Климент: Се верува дека на овој празник треба да ги избегнувате овие работи!

Македонската православна црква (МПЦ) и нејзините верници денеска го одбележуваат споменот на Светиот маченик Климент, епископ Римски.

Роден е во Рим како член на царското семејство и современик на светите апостоли. Еднаш, додека мајка му пловела со неговите двајца браќа, невреме ги одвело во непознат правец. Таткото отишол да ги бара, па и тој се изгубил. Потоа Климент отишол да ги најде неговите родители и браќата. Во Александрија се сретнал со апостол Варнава, а потоа му се придружил на апостол Петар, чии следбеници биле неговите двајца браќа Фаустин и Фаустинијан. По Божја промисла, апостол Петар ја сретнал мајката на Климент како стар просјак, а потоа и татко му.

И така целото семејство повторно се собра и, како и сите христијани, се вратија во Рим. Климент не се одвојувал од големиот апостол, кој пред смртта го поставил за епископ. Климент управувал со Божјата црква со огнена ревност и од ден на ден во христовата вера наведувал голем број неверници. Тој назначил седум стенографи да ги напишат животите на христијанските маченици кои умреле за својот Господ во тоа време.

Царот Трајан го протерал во Херсон, каде што Климент нашол околу две илјади прогонети христијани. Сите биле вработени во тешката работа на сечење камен на тесно и пусто место. Бидејќи голем дел од својот маченички живот го поминал во затвор и мачење, во некои краишта на Македонија се смета дека на денешниот празник никој не смее да допира ножеви и други остри предмети за да не ги „повреди“ раните на свети Климент. Исто така, иако не е празник означен со црвена буква, треба да се избегнува тешка, физичка работа и чистење на домот и денот да се помине со семејството и пријателите и на овој начин да се слави споменот за животот и големите подвизи на Светиот маченик Климент.

Климент беше примен од христијаните со голема радост и тој беше жив извор на утеха за нив. Тој со својата молитва извади вода од земјата и толку многу селани неверници ги покрсти, што за една година на тоа место беа изградени седумдесет и пет цркви.

За да не се шири понатаму Христовата вера, Климент бил осуден на смрт со давење во морето со камен околу вратот. Неговите чудотворни мошти биле извадени од морето само во времето на Кирил и Методиј.