Денес изгледа страшно, а некогаш пленеше со својата убавина! Се уништи поради опсесијата со мачки – не личи на себе

Џоселин Вилденстин (84), позната како „Жена мачка“ имала најмногу естетски зафати од повеќето припаднички на понежниот пол, а малкумина знаат каква убавица била пред нејзиниот изглед да биде непрепознатлив.

Џоселин неодамна сподели една од ретките фотографии на Инстаграм на која се гледа како изгледала пред бројните  пластични операции  целосно да ја трансформираат нејзината фигура.

Фотографијата датира од 1979 година, кога оваа Швајцарка имала 39 години, а на неа оваа дама ја држи ќерката Дијана. Џоселин зрачи со вистинска елеганција во бел, шик кафтан, додека ја красат богати, претрупан локни во боја на мед и женствена шминка со темно црвен кармин во главната улога.

Оваа 84-годишна жена тогаш беше вистинска природна убавица, на нејзиното лице немаше ни трага од естетски зафати, ниту бизарниот изглед кој го има денес.

Да потсетиме, Џоселин денес е препознатлива по бујната коса, исчешлана наназад така што наликува на лавовска грива, но и по коси очи и специфично лице кое наликува на мачкино.

Инаку, оваа русокоса се опседнала со естетски зафати уште во 90-тите, а многумина го обвинуваат нејзиниот поранешен сопруг, многу богат француски трговец со уметнички дела, Алек Вилденстин. Парот се развел во 1999 година поради неговата прељуба, но додека биле во брак, тој наводно сакал по секоја цена таа да изгледа повеќе како мачка. Џоселин потрошила преку два милиони долари на различни процедури, се за да му угоди на Алек кој имал страст за големи, диви мачки.

Џоселин денес

Но, Вилденштајн, кој почина во 2008 година, силно ги негираше таквите претпоставки.

– Таа е луда. Јас секогаш ќе бев последниот што ќе знаеше што направи таа. Мислеше дека може да си го поправи лицето како да е парче мебел. Кожата не функционира на тој начин. Но, таа не послуша – изјави тој во интервју за „Венити фер“.

И додека на прв поглед на сите им е јасно дека „Catwoman“ имала голем број операции, таа самата сепак тврди дека тоа не е вистина. Таа истакна дека нејзиниот поранешен сопруг еднаш им платил на хирурзите јавно да кажат дека таа драматично го променила изгледот, за тој да има причина да се разведе.

Во јуни 2023 година, во интервјуто кое го даде за „Тајмс“, таа спомна дека нејзиниот поинаков изглед се должи на тоа што имала различни фризури во текот на животот, како и на фактот дека нејзината боја на очите постојано се менува, од сино до зелено, со малку злато во себе. Кога новинарката Мел Отенберг се обиде да ја натера да признае дека имала фејслифтинг, коментирајќи дека е „храбра за начинот на кој сака да го промени својот изглед“, таа пукна:

– Не навистина. Новинарите можат да зборуваат што сакаат, можат да кажат што мислат. Никогаш не се трудам ништо да негирам, бидејќи тоа навистина не е мој проблем.

Џоселин одвреме-навреме споделува фотографии од младоста на Инстаграм во обид да докаже дека отсекогаш имала малку коси очи. И додека е така и факт е дека таа беше многу убава млада дама, јасно е дека не стареела природно.

Славната 84-годишна жена со години е свршена за модниот дизајнер Лојд Клајн, 27 години помладиот од неа, а парот е практично неразделен. Инаку, минатата година Џоселин им откри на медиумите дека е скршена и дека нема приходи веќе осум години, откако семејството на нејзиниот поранешен починат сопруг престана да и ги дава 100-те милиони долари годишно што требаше да ги добива по разводот.