Денес ќе наполнеше 43 години! Сестрата на Тоше Проески сподели фотографија од домот: Торта, негова слика и опис кој ќе ве растажи (ФОТО)

Тоше Проески важеше за еден од најпопуларните и најталентираните пејачи на Балканот а животот го загуби на 26-годишна возраст во страшна несреќа на автопатот Брегана – Липовацж На 16 октомври 2007 година цел Балкан тагуваше и плачеше за еден млад живот, а повеќето колеги сè уште не можат да се помират со фактот дека го нема.

Многу пријатели во знак на сеќавање денеска ги споделуваат своите спомени за легендарниот пејач, а зборуваше и неговата сестра Дора Проеска.

Дора сподели фотографија од роденденска торта со запалени свеќи, додека во позадина стоеја сликите на Тоше, а зборовите кои ги напиша се потресни.

– Тешко е да се живее без душо а душа моја си ти – пишуваше на роденденската торта посветена на покојниот пејач.

Да не починеше, Тоше денеска ќе го прославеше својот 43 роденден. Иако повеќе не е тука бидејќи за жал прерано го напушти овој живот, на само 26 години, неговата скромност, хуманост и големина на срцето засекогаш ќе останат врежани во сеќавањето на секој од нас.

Тоше секогаш нагласуваше дека љубовта е она што треба да ги трогне луѓето, а неговите зборови зборови и песни и денес живеат во сите оние кои го познаваа овој голем музичар, како и во оние кои ја немаа таа можност.

Иако времето запре за многу фанови на Тошњ Проески во 2007 година, балканскиот принц сè уште живее преку неговите песни и дела, а една од нив секако е „Игри без граници“.