На Украина ќе и требаат 42 милијарди долари помош од меѓународните партнери следната година за да го покрие воениот дефицит, исто како и оваа година, посочи денес премиерот на Украина, Денис Шмихал.
Тој нагласи дека целиот мирновременски буџет на Украина сега е посветен на одбрана од руска инвазија, што значи дека на државата и е потребна меѓународна помош за да ги покрие другите трошоци.
„Се надеваме дека војната ќе заврши што е можно поскоро. Ние не сме нејзини иницијатори и Русија може да ја спречи во секое време. На среден рок, меѓународната поддршка за украинската економија ќе му помогне на Киев да преземе поголем дел од вкупните трошоци“, наведе Денис Шмихал.