ДЕНОВИВЕ И МЛАДИ И СТАРИ СЕ ЖАЛАТ НА ИСТИ СИМПТОМИ: Заедно со короната, дивее и овој вирус! Лекарите објаснија за што се работи: Вака почнува!

Стомачниот вирус е неконтролиран во Србија , најмногу ги погодува децата и бебињата, но возрасните се жалат и на гадење, повраќање и дијареа !

Лекарите велат дека здравствените домови се преполни, а вирусот дивее и во градинките.

Д-р Радмила Шехиќ неодамна за Курир изјави дека стомачниот вирус се јавува и во лето и во зима, но дека овие ентеровируси не оставаат никакви последици на организмот.

– Ја напаѓаат цревната слузница, телото губи течности и минерали и нема доволно вода да ги ресорбира. Ова доведува до честа дијареа, гадење, повраќање, што го исцрпува телото. Треска и главоболка се јавуваат како секундарни симптоми. Типично за оваа вирусна инфекција е тоа што таа ненадејно завршува, а започнува со силни и непријатни болки во стомакот заедно со слабост – објасни д-р Шехиќ и додаде:

– Оваа вирусна инфекција со силни симптоми трае два до три дена, а потоа следи период на опоравување, односно период на реставрација на силата. За да се скрати периодот на лекување, лицето кое доживеало инфекција треба да започне диета бидејќи цревата се иритирани од вирусот, па појаката храна само дополнително би ги иритирала. Диететската храна вклучува варен компир, ориз, дупло печен леб, индустриски супи, чаеви, но никогаш не треба да земате млечни производи.

Таа изјавила и дека обновувањето на цревната слузница не е толку брзо, па режимот на исхрана треба да трае до една недела.

 Што се однесува до лековите, треба да се земаат само пробиотици за да се компензираат цревните бактерии, а никогаш не треба да земате лекови кои ја спречуваат дијареата бидејќи тоа му помага на вирусот да остане подолго во организмот. Оваа фекално-орална инфекција доаѓа од валкани раце, затоа мора да се води сметка за хигиената на рацете и храната.

Исто така, важно е секој човек да се движи бидејќи секој пад на имунитетот води до вирусна инфекција. Посебно треба да се внимава со децата бидејќи многу потешко се справуваат со загубата на течности што мора клинички да се следи и детето мора да се однесе на лекар.

Да потсетиме, лекарите неодамна предупредија дека покрај стомачниот вирус, кај децата неконтролиран е и рота вирусот.