Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, е позната по своите остри зборови кон Западот, но и по тоа што добро го крие приватниот живот. Меѓутоа, неодамна интернетот беше преплавен со фотографии од нејзината венчавка и сите зборуваат за нив.
Марија Владимировна Захарова е родена на 24 декември 1975 година во Москва во семејство на дипломати.
Во моментов, таа е директор на Одделот за информации и печат на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, што во суштина ја претставува функцијата на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација . Оваа функција ја извршува од 10 август 2015 година.
Дипломирала на МГИМО Факултетот за меѓународно новинарство од областа ориентализам и новинарство. Захарова е кандидат за историски науки што би значело титула слична на доктор.
Оваа 43-годишна русокоса Русинка се омажи за Андреј Макаров во 2005 година во Њујорк, а ги фотографираше познатиот фотограф Николај Комисаров.
На венчавката Захарова носеше кратка венчаница, а на фотографиите со Андреј баш и не личат како од на свадбата.
На една слика Андреј ја бакнува и ја лиже Марија по вратот.
Ниту другите не се поинакви. На едната, младоженецот ја потпрел сопругата на автомобилот, а на друга, таа е легната во возилото и и’се гледа долната облека.
Очигледно тие одлично се забавуваа на фотографирањето, но многу коментатори на социјалните мрежи рекоа дека нивните фотографии се вулгарни и не се соодветни за свадба.
Како што рече и самата Захарова пред две години, нивната венчавка била „скромна“.
„Сега имам помалку килограми од тогаш. Најважно е што научив да сакам“, истакна таа.
На 7 ноември 2005 година, руската политичарка Марија Захарова се омажи за Андреј Макаров во рускиот конзулат во Њујорк. Со Макаров ја има ќерката Маријана, родена во август 2010 година.