Отстранувањето на влакната од ноздрите може да доведе до опасна состојба на мозокот, предупредуваат лекарите.
Никој не сака влакна во носот од естетски причини, особено ако тие излегуваат надвор од носот. Сè повеќе луѓе, и мажи и жени, ги отстрануваат, а никој не е ни свесен колку тоа може да биде опасно.
Депилацијата, бричењето или кубењето воопшто не се добра идеа, бидејќи овие влакна имаат посебна функција за здравјето. Со нивното отстранување станувате подложни на бројни инфекции.
Малите влакна во ноздрите се од витално значење кога станува збор за задржување на штетните честички што ги дишеме преку носот и за одржување на влагата во воздухот што го дишеме. Секако, постојат начини да ги одржувате овие влакна уредни и без потреба да ги отстранувате.
Електричните тримери и специјалните ножици можат да бидат најдобриот начин да спречите растење на влакна од вашиот нос, влат лекарите. Техниката на разредување е најдобриот метод што можете да го примените.
Во повеќето случаи, не се препорачува депилација или кубење влакна од носот. Кубењето поединечни влакна може да доведе до поткожно сраснување на влакното и инфекција. Депилацијата, особено, може да ја повреди кожата, длабоко во носот. Лекарите предупредуваат и на употреба на крема за отстранување на влакна. Велат дека ваквите депилатори се многу силни и дека ризикувате да вдишувате токсини кои ќе ви ја “изгорат“ слузокожата во носот.
„Имате два вида влакна во носот: оние што ја филтрираат слузта и ја испраќаат до задниот дел од носот, каде што завршува во стомакот и големите што сакате да ги извадите. Големите спречуваат вдишување на големи честички, да не стигнат до задниот дел на носот.“ Ако ги искубете овие големи, микробите околу фоликулите можат да влезат внатре и да предизвикаат инфекција“, рече д-р Каран Раџ и објасни:
„Истите вени што носат крв од носот поврзани се со вените што носат крв од мозокот. Ако бактериите завршат во мозокот, тоа може да предизвика воспаление на мозокот, што понекогаш резултира со мозочен удар, како што се оштетување на мозокот, епилепсија и менингитис “, рекол тој.