Осомничениот за убиството на Јован Вукотиќ, бос на црногорска мафија убиен во септември минатата година во Истанбул, е депортиран во Турција и предаден на полициски екипи во североисточната провинција Артвин, објавија во четвртокот локалните медиуми.
По сеопфатна истрага на тимовите на турската полиција, осомничениот, идентификуван како И.Д., за кој беше утврдено дека го користел мотоциклот што беше дел од вооружениот напад во областа Шишли во Истанбул на 8 септември 2022 година, беше уапсен во Грузија и екстрадиран во Турција.
Тој беше баран со меѓународна потерница. И.Д. беше еден од 15-те осомничени за кои беше утврдено дека се вмешани во убиството на Вукотиќ, кој беше убиен од членови на криминална организација чиј водач беше Барис Нек.
Баран со црвена потерница по бегството во странство, Ј.Д. беше уапсен во Грузија на 5 октомври 2022 година.
Осомничениот, кој беше уапсен од грузиските правосудни органи, беше екстрадиран во Турција на 11 јули и предаден на Управата за организиран криминал во Истанбул на граничната капија Артвин Сарп.
По завршување на постапката, И.Д. бил приведен во судот и уапсен и испратен во затвор, пренесуваат српските портали.