Во дербито на 20. коло на италијанското фудбалско првенство, Милан како домаќин безбедно ја совлада Рома со резлутатод 3:1 (1:0).
Интересно, сите три гола за италијанскиот гигант ги постигнаа Французите, Адли (11′), Жиру (56′) и Ернандез (84′), додека стрелец за Рома беше Паредес (69′).
Најубавиот момент на натпреварот се случи во 84. минута кога Жиру феноменално со пета ја испрати топката низ нозете на Кристанте и идеално го намести Ернандез кој со силен удар ја испрати топката под гредата за да ја потврди победата на Милан.
Третопласираниот Милан сега има 42 бода, девет помалку од градскиот ривал Интер, кој е на врвот или четири помалку со натпревар повеќе од второпласираниот Јувентус. Рома, пак, е деветта со 29 бодови.