Лето без море не е вистинско лето за многумина, но ако некогаш сте поминале еден ден на плажа, сте се искапале и сте чувствувале дека вашата кожа е затегната, сува и како да сте биле за еден број помала… не сте сами.
И додека повеќето од нас го прифаќаат тоа како „нормално по морето“, науката сега објасни точно зошто се случува и што можете да направите за да ја спасите вашата кожа истата вечер.
Сол = дехидратација на кожата
Ново истражување објавено во „Journal of the Mechanical Behavior of Biomedical Materials“ открива што всушност се случува кога поминуваме еден ден во солена вода.
Научниците анализирале како обичната и морската вода влијаат на кожата, а резултатите се јасни: морската вода значително ја зголемува цврстината на кожата и создава она што го нарекуваат „стрес од сушење“. Накратко, затоа нашата кожа се чувствува затегната, сува, а понекогаш дури и лушпеста по пливањето во морето.
„Солта ја влече влагата од горниот слој на кожата, познат како стратум корнеум, што предизвикува чувство на сувост и затегнатост“, објаснува авторот на студијата д-р Гај К. Герман, професор по биомедицински инженеринг на Универзитетот Бингамтон во Њујорк.
Солта ја оштетува природната бариера на кожата
Но, не станува збор само за дехидрација. Дерматолозите истакнуваат дека солта ги нарушува протеините на површината на кожата, предизвикувајќи таа да стане груба, чувствителна и склона кон лупење.
„Микроскопските кристали од сол остануваат на кожата и продолжуваат да ја влечат влагата дури и откако ќе се исушите“, вели д-р Гари Голденберг од болницата „Маунт Синај“. Тој додава дека честото изложување на солена вода може да предизвика иритација, воспаление и тешка сувост.
Дерматологот д-р Ифе Џ. Родни забележува дека ова дополнително ја оштетува заштитната бариера на кожата, правејќи ја почувствителна на УВ зраци, алергени и бактерии.
Што да се прави веднаш по бањањето?
Ако мислевте дека тушевите на плажа се таму само за да го измијат песокот, се лажете. Миењето со обична вода веднаш по пливањето во морето ѝ помага на вашата кожа да се опорави.
„Затоа многу плажи имаат тушеви – користете ги веднаш по морето“, вели д-р Герман.
И кога ќе се вратиш дома?
- Туширајте се со сапун.
- Нанесете хидратантна крема додека кожата е сè уште малку влажна.
- Изберете лосиони со хијалуронска киселина, глицерин или церамиди.
Ова помага да се задржи влагата и да се обноват заштитните функции на кожата.
Можеш да се заштитиш пред морето
Звучи контраинтуитивно, но кремата пред плажа не треба да биде само со SPF.
„Пред да нанесете крема за сончање, прво нанесете богат хидратантен крем“, советува д-р Родни. Целта е да се зајакне природната бариера на кожата, па солта ќе има потешкотии да ја исуши.
Идеално, користете крема на база на вода (но не таква што испарува за две минути) и дури потоа нанесете SPF.