Американските палачинки се многу популарен рецепт во светот. Сепак, почетниците го избегнуваат, бидејќи бара малку повеќе време за да се направи. Но, постои и поедноставна верзија на овој рецепт, каде што нема да морате да ги одделувате јајцата и да ги матите во различни чинии, а ќе добиете подеднакво меки палачинки.
Состојките што ќе ви бидат потребни се:
- 200 грама брашно
- 300 милилитри млеко
- еден прашок за пециво
- една лажица шеќер
- еден ванилин шеќер
- едно јајце
- една лажица масло
- прстофат сол
Подготовка:
Прво изматете го јајцето со миксер и потоа додадете млеко, прстофат сол, ванила и обичниот шеќер. Понатаму се матат па се додаваат брашното и прашокот за пециво. На крајот додадете една лажица масло и повторно изматете.
Сите состојки убаво изматете ги со миксер. Смесата мора да биде погуста од смесата за стандардните палачинки. Доколку сметате дека смесата не е доволно густа, додадете уште брашно. Она што е многу важно е млекото да не го замените со други состојки како минерална или обична вода.
Следниот чекор е пржење на тава. Загрејте ја тавата на средна температура и подмачкајте ја салфетката со која лесно ќе ја премачкате тавата. Ставете ја смесата и печете на едната страна додека на површината не почнат да се создаваат меурчиња. Потоа превртете ја палачинката и печете уште една минута.