Десетина повредени во инцидентите во северно Косово

Во болницата во Косовска Митровица е потврдено дека во конфликтот меѓу специјалните сили на полицијата и насобраните граѓани се повредени десетина лица, јави дописникот на РТС.

Во моментов ситуацијата е малку смирена, но е многу тензична и се заканува да ескалира, јави дописникот на РТС.

Сирени за воздушни напади, солзавец и наводно детонации и истрели од огнено оружје денеска одекнаа во четири општини на северот на Косово, претежно населени со Срби, на денот кога градоначалници од албанска националност требаше да стапат на должност.