Десетици луѓе се повредени денеска во Тел Авив во судирите што избија за време на насилните протести меѓу Еритрејците кои бараат азил во Израел и полицијата, објавија израелските медиуми.
Еритрејците протестираа против прославите на независноста на нивната земја организирани од Амбасадата на Еритреја, додека израелските полицајци на коњ и со опрема за немири пукаа во воздух додека демонстрантите ги пробиваа барикадите и фрлаа камења и штици врз нив, се вели во полициското соопштение.
Во судирите се повредени 27 полицајци, а најмалку тројца демонстранти биле погодени со вистински куршуми кои полицајците почнале да ги пукаат кога почувствувале „реална опасност по нивните животи“, пренесе Бета.
Еритрејците се мнозинството од над 30 илјади Африканци кои бараат азил во Израел. Тие велат дека побегнале од опасност и прогон во земја позната како „Северна Кореја на Африка“ каде воената служба е доживотна и со услови слични на ропство.