СЕКОЕ дете може да се однесува лошо од време на време, а бидејќи многу деца имаат проблем со регулирање на сопствените емоции, понекогаш ова однесување може да биде почесто. Но, доколку не се работи за повремена појава, туку состојба која постојано се повторува или воопшто не поминува, психолозите тврдат дека тогаш би можело да се работи за разгалено дете.
Имено, како што објаснуваат, постојат одредени знаци кои јасно можат да укажат дека нашето дете е разгалено или би можело да стане. Овие знаци се како што следува:
- детето не го прифаќа зборот „не“
- бурно реагира на непријатни или лоши вести
- никогаш не сака да се прилагоди на другите
- одбива да ги следи правилата
- има чести бесови
- не сака да помага или да учествува во домашните работи
- никогаш не кажувај благодарам
- никогаш не сака да ги споделува своите работи со другите
- никогаш не покажува емпатија
- не му е грижа дали неговото однесување им штети или ги загрозува другите